Македонскиот кореограф Рисима Рисимкин учествува во „Фокус на танцот“, програма за соработка меѓу кореографи и танцови компании од целиот свет, која се одржува од 21 до 24 септември во рамките на 17. Танцово биенале во Лион, Франција.
Рисимкин, која учествува на покана на Францускиот институт, има закажано средби со уметници и менаџери за да се оствари соработка помеѓу Интерарт културниот центар и неговите програми, фестивалот „Танц фест“, како и Скопје танцовиот театар.
Лионското танцово биенале е настан со светска репутација на кој ќе бидат презентирани најдобрите современи танцови дела и кореграфи во моментов во Франција. На „Фокусот на танцот“, пак, кој се одржува од 2008 година, присуствуваат повеќе од 600 професионалци од 40 земји. Овој настан се смета за еден од најзначајните во Франција и на него се очекува да присуствува дел од светската уметничка елита во областа на современиот танц во моментов. Рисимкин ќе присуствува и на состанок на „Тетароскоп“, кој ќе се одржи во Лион и на кој ќе се дискутира за соработката со уметници од Франција на регионално ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.