
Човекот кој што тврдеше дека прв пат слуша за намерата на СДСМ да го кандидира за шеф на државата, не изгледа ни малку збунето и изненадено на фотографијата која на социјалните мрежи ја објави СДСМ-Гази Баба.
На трибините кои редовно ги одржува низ општинските организации, активност која наликува на предизборна кампања, зад него е закачен натпис „Стево за претседател“. Слична трибина за овој петок најавува општинската организација на СДСМ во Центар каде Пендаровски треба да се обрати во 19 часот.

Но ако и тоа не е доволно релевантен метод за информирање на Пендаровски за можноста тој да истрча на претстедателските избори, можеби работата може да ја заврши Фан страната на Фејсбук „Стево Пендаровски за претседател“ која има над 2.000 лајкови од активисти на СДСМ и е редовно ажурирана со ставови на потенцијалниот претседателски кандидат.

Според медиумите, партискиот врв на Бихаќка договорил тој да биде кандидат на претстојните избори. Пендаровски за Република рече дека до сега со никого не разговарал на оваа тема, а не знаел ни дека е предлог на повеќе општински организации, иако информацијата медиумите ја објавуваат со денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


