Вечерва (20 часот) во фоајето на Македонската опера и балет вечерва (МОБ) ќе се оджи промоција на колор-монографијата „Моделирање на педагошката работа на балетските репетитори“ од Тања Вујисиќ-Тодоровска.
За значењето на книгата ќе говорат Снежана Адамческа, Стефанија Лешкова и Елеонора Стебљак, народен артист од Украина.
Вујисиќ-Тодоровска е исклучително име во балетската уметност. Во текот на 25-годишната активна уметничка балетска кариера, на сцената на македонскиот балет како примабалерина одигра повеќе од 40 водечки улоги во повеќе од 300 претстави.
По заокружувањето на својата активна сценска кариера се посвети на педагошка дејност и работи како раководител на Катедрата за балетска педагогија и како професор по предметите методика на класичен балет и репертоар на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.