| четврток, 6 декември 2018 |

Брачен пар од Прилеп претепан со клоци и тупаници

policija lenta_1

Полицијата поднесе кривична пријава против тројца прилепчани поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело насилство и разбојничка кражба во обид. Тие влегле во дворното место и помошните простории во куќа во Прилеп, извршиле пребарување, но откако биле затекнати од сопственикот избегале.

Истиот ден околу 16.45 часот предводејќи толпа од повеќе луѓе се вратиле во куќата на оштетениот и почнале да удираат со клоци и тупаници по патничко моторно возило на оштетениот, потоа влегле во неговиот двор каде со ремени почнале да го удираат него и неговата сопруга, па им се заканувале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top