На аукцијата во Лос Анџелес на 27 февруари ќе бидат понудени два примерока од идеолошкото дело на Адолф Хитлер – Mein Kampf (Мојата борба), со потпис на авторот, објави аукциската куќа Нејт Д. Сандерс Аукшнс.
Двата примерока го имаат потписот на Хитлер со посвета за Јозеф Бауер, еден од првите членови на нацистичката партија, личност блиска до идниот Фирер, но и еден од учесниците во неупсешниот преврат во Минхен во 1923 година, поради кој Хитлер беше затворен неколку месеци во текот на кои и ја напиша книгата Mein Kampf во 1924 година.
Во посветите, датирани во 1925 и 1926 година, Хитлер на Бауер му посакува Среќен Божик. Аукциската куќа не ја изнесе проценката на цената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски
-
Промоција на книгата „Љубовта на Генерал Ш“ од Лира Бојку во Паркот на книгите
-
Промоција на збирката раскази „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ од Владимир Плавевски


