| четврток, 6 декември 2018 |

Стево Пендаровски кандидат за претседател на СДСМ

Според информациите кои ги пренесува „Прес24“, Стево Пендаровски ќе биде кандидатот за претседател на СДСМ.

Како што пишуваат, одлуката во СДСМ ја донеле денеска на Извршниотодбор на партијата, што значи дека конгресот, кој го закажале за 4 март, станува само чиста формалност.

Името на Пендаровски и претходно се вртеше во медиумите.  Тој на 13 април ќе се соочи со граѓаните во првиот круг на претседатлските избори. Од ВМРО-ДПМНЕ, според последниот развој на настаните, противкандидат се очекува да му биде актуелниот претседател Ѓорге Иванов, кој денееска го потврди своето учество на конвенцијата која најголемата партија ќе ја одржи на 1 март.

Кандидат извесно е дека ќе имаат и „громови“ на Стевчо Јакимовски. Зоран Поповски од ГРОМ веќе и ги обезбеди потребните 10.000 потписи. Исто толку ќе му требаат и на кандидатот на ДПА откако партијата го потврди своето учество на изборите.

Неизвесно е учесвото на Стојанче Ангелов и Билјана Ванковска кои имаат проблеми да ги соберат неопходните потписи.

Неизвесно е и во Мала Речица. ДУИ се уште е заглавена на идејата за консензуален претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top