Македонскиот првак Вардар неочекувано е поразен од екипата на Војводина со 23:25 во дуел од СЕХА лигата.
На средбата од 14.коло во регионалната лига, иако ракометарите на Вардар ја имаа улогата на фаворит, сепак не ја оправдаа.
На црвено-црните не му помогнаа ниту 8-те голови на Тимур Дибиров да го избегнат четвртиот пораз во СЕХА натпреварувањето.
Со овој пораз Вардар не успеа да се зацврсти на третото место на табелата кое носи пласман на завршниот „Фајнал-фор’’ турнир.
Конкурентот на Вардар, но и Металург за место меѓу четирите најдобри, екипата на Мешков Брест попладнево гостува во Хрватска кај лидерот Загреб К.О.
Металург, пак, во четвртото ќе го одигра својот натпревар од оваа рунда, а за противник тимот од Автокоманда ќе ја има хрватската екипа на Нексе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.