Екипата на Јувентус заработи казна од 25.000 евра поради навредливи транспаренти кои нивните навивачи ги истакнаа во градското дерби со Торино.
Ваквата одлука на дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Италија, пред сѐ се должи на два нималку пристојни транспаренти „Кога летам со авион, мислам на Торино’’ и
„Тоа е само судар’’, со кои навивачите на Јувентус алудираа на авионската несреќа од 1949 година која ја имал тогашниот тим на Торино.

Имено, на 4 мај 1949 година враќајќи се од Португалија по пријателскиот натпревар си Бенфика, во авионската несреќа настрадале 18 фудбалери, клупски претставници на Торино како и неколкумина новинари кои го следеле натпреварот.

Ова не е прва казана за Јувентус за вакви транспаренти, кои биле составен дел од „кореографијата„ на дербито со Торино и пред две години, за што Јувентус тогаш беше казнет со 10.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


