Македонија е единствената држава каде што интензивно се поддржува тутунот со субвенции од едно евро за килограм тутун и единствено оваа култура се уредува со прецизен законот за тутун и тутунски производи, пишува Вечер
Анализата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство покажала дека во Турција нема, додека во Грција и во Бугарија субвенции за производство на ориентален тутун последен пат биле исплатени во 2009 година. Ниту едни конвенции или иницијативи на здравствените светски институции не се закана за намалување на површините со тутун. Според експертите, за разлика од порано кога државата го субвенционираше тутунот со само 15 денари за килограм предаден тутун, во последните неколку години власта стана свесна за важноста на оваа гранка и субвенциите ги зголеми на 60 денари за килограм.
Експертите со кои разговарал весникот велат дека голем дел од населението, освен со основната дејност, се занимаваат и со производство на тутун за да го зголемат својот семеен буџет. И земјоделците кои се занимаваат со производство на други култури, се занимаваат и со одледување тутун
Според податоците од Министерството за земјоделство, лани биле откупени 27.000 тони тутун, а оваа реколта се склучени 42.000 договори со домашните тутунари. Според „Вечер“, надлежните очекуваат годинава поголемо производство на тутун, со откуп до 30 000 тони тутун. Тие велат дека има стабилен откуп и редовна исплата на субвенции. Министерството за финансии минатата недела исплати 1, 2 милијарда денари субвенции за реколтата 2013 на над 27 илјади земјоделци.
– Со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство – велат од Министерството за финансии – пишува Вечер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.