| четврток, 6 декември 2018 |

Светот без луѓе (ФОТО)

Фотографот и уредник на магазинот „Мрежа“, Олег Маштруко, патувал низ 47 земји и фотографирал за да го долови моментот како би изгледал светот без луѓе.

Тој посетил места како Чернобил, напуштен град во Невада, „Градот на мртвите“ во Каиро, стари воени фабрики и слични морничави места.

– Фотографиите треба да го оживеат чувството што нема да го добиете само од читање за тие места. Тешко дека нешто ќе биде поморничаво од напуштеното школо во Припјат, Чернобил, каде што подот е прекриен до детски гас-маски. Некои, пак, места изгледаат сосема мирно – вели Маштруко.

Овие места некогаш биле дел од човечката цивилизација, а денес претставуваат потсетник на едно минато време, односно се дел отуѓен од луѓето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top