| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо: Јас имам тим, немам напаѓач, а Фалкао нема тим

Челси овој викенд успеа да победи и со тоа да ја сочува лидерската позиција во Премиер-лигата, а Мурињо веќе почна да размислува за потенцијалните трансфери за наредното лето.

Очигледно е дека „сините“ имаат проблем на позицијата напаѓач, а искусниот Португалец веќе има замисла како да го реши тој проблем.

На прашањето дали има намера да го доведе Ибрахимовиќ во Лондон, Мурињо со конкретен одговор:

– Златан во Челси? Нема шанси, среќен е во Париз, а јас тоа го знам бидејќи сме добри пријатели и сме во контакт. ПСЖ е богат клуб и не е возможно да се доведе таков играч од Париз.

Но, затоа, пак, има поинакво мислење за Радамел Фалкао.

– Јас имам тим, но немам напаѓач. Фалкао има квалитет, но нема тим. Играч како него не може да игра пред 3 илјади луѓе, тоа е за младинци – изјави Мурињо во свој стил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top