Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка, Ангела Меркел, разговараа за ситуацијата во Украина.
Телефонскиот разговор е одржан на иницијатива на Меркел.
Канцеларијата на Меркел соопшти дека двајцата лидери се обединиле околу неопходноста од зачувување на територијалниот интегритет на Украина.
Германскиот канцелар и рускиот претседател се согласиле и дека стабилноста на Украина е нивни заеднички интерес и се договориле да бидат во близок контакт по ова прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



