| четврток, 6 декември 2018 |

Пикасо, Лубарда, Леже…во постојаната поставка на МСУ (галерија)

Во Музеј на современата уметност од вчера е отворена постојана поставка, по повод 50 години од основањето на музејот. Изложена во три галериски простори на 3.500 метри квадратни, се претставени над 300 врвни уметнички дела. Тука се ликовните дела на Пикасо, Хокни, Петар Лубарда, Џаспер Џоунс, Фернан Леже, Бернар Бифе, Пјер Алешински…

Muzej na sovremenata umetnost (11) (Custom)

Во реконструираните простории на НУ „Музеј на современата уметност“ од вчера е отворена постојаната поставка „Солидарноста-недовршен проект“, по повод 50 години од основањето на музејот.

Muzej na sovremenata umetnost (7) (Custom)

Во новоконципираната поставка, изложена во три галериски простори на 3.500 метри квадратни, се претставени над 300 врвни уметнички дела. Тука се ликовните дела на Пикасо, Хокни, Петар Лубарда, Џаспер Џоунс, Фернан Леже, Бернар Бифе, Пјер Алешински, уметничките форми и инсталации на Калдер, Јанис Гаитис, скулптурите на Иван Кожариќ, Душан Џамоња, Роберт Јакобсен, Штурса…

Muzej na sovremenata umetnost (6) (Custom)

Изложени се и делата на авторите кои го илустрираат развојот на македонската современа ликовна уметност: Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Петар Мазев, Димитар Пандилов-Аврамовски, Димо Тодоровски, Димитар Кондовски, Душан Перчинков, Јордан Грабулоски, Родољуб Анастасов, Анета Светиева…

Muzej na sovremenata umetnost (13) (Custom)

Според министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, тоа е само дел од меѓународната колекција и репрезентативна национална збирка на откупени и донирани над 5.000 дела на околу 2.000 автори од 66 земји на светот кои по земјотресот во 1963 го дадоа својот придонес во обновувањето на Музејот на современа уметност.

Muzej na sovremenata umetnost (5) (Custom)

– Денеска со голема одговорност се исполнува ветување, долг кон историјата на уметноста, кон нашето културно наследство, кон македонската публика бидејќи по неприфатливата децениска „пауза” во која бевме осиромашени за едно богато визуелно задоволство, во овој нов современ простор од 1.500 метри квадратни добиваме можност да ги видиме и доживееме делата на македонските и светските автори кои со својот индивидуален пристап оставија длабоки траги во современата ликовна историја, рече Канческа-Милевска.

Muzej na sovremenata umetnost (4) (Custom)

Muzej na sovremenata umetnost (3) (Custom)

Muzej na sovremenata umetnost (8) (Custom)

Muzej na sovremenata umetnost (9) (Custom)

Muzej na sovremenata umetnost (1) (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top