Македонскиот шампион МЗТ Скопје го доби дуелот против Задар со 78-69 во рамките на Регионалната Лига и се проби на седмата позиција на табелата.
Гостите од Задар добро го почнаа мечот, по првиот период од 10 минути водеа со 20-16, и по првото полувреме беа во предност од еден поен, 40-39, но на крајот загубија, благодарение на одличната игра на скопјани во третата четвртина.
Предводени од квартетот Маринковиќ, Синовец, Гечевски и Чековски кои заедно постигнаа 50 поени, МЗТ Скопје направи пресврт и славеше значајна победа.
Кај Задар и воопшто на мечот најефикасен беше Американецот Лајонс со 17 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.