Македонскиот шампион Вардар претрпе убедлив пораз од 10 гола разлика, 25-35, на гостувањето во Париз кај Пари Сен Жермен, во последната рунда од Ц групата во Лигата на шампионите во ракомет.
Со ваков исход ПСЖ е втор во конечниот редослед на табелата, зад Барселона и пред дуото македонски екипи, Металург, кој ќе биде трет без ралика на исходот на утрешниот меч со Барса и Вардар кој е четвртопласиран.
Вечерва во Париз, Вардар го доживеа највисокиот пораз во фазата по групи во Лигата на шампионите, а четвртата позиција му носи и незгоден противник во нокаут фазата. Ждрепката ќе одлучи која од трите првопласирани екипи од останатите групи ќе им биде противник на „црвено-црните“. Можни ривали се Кил, европскиот првак Хамбург и Веспрем.
Најефикасен вечерва во Париз во редовите на Вардар беше Игор Карачиќ со 9 гола, Немања Прибак постигна пет, а Тимур Дибиров го заврши мечот со четири гола.
Најдобар кај ПСЖ беше голманот Патрис Аноне со 15 одбрани. Лук Абало и Антонио Гарсија постигнаа по пет погодоци, додека Микел Хансен четири пати беше прецизен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.