Иван Басо, кој е двократен шампион на „Џиро Ди Италија„ призна дека се допингувал и тоа во текот на една од трките на „Тур де Франс“.
Велосипедизмот страда од афери со допингувани шампиони, а пандорината кутија ја отвори Ленс Армстронг, 7-кратниот победник на славната трка во Франција.
По него користењето на недозволени стимуланси го призна и Данецот Расмунсен, а сега на ред дојде и Басо.
Пред нив и Јан Улрих беше суспендиран поради допинг.
– Знаев дека правам нешто што не е дозволено, но сепак прифатив да соработувам со докторот Фуентес. За едногодишен третман ми побара 70 илјади евра, а јас платив само 15 илјади. Полициската акција ја откри и ја сопре комплетната активност на Фуентес – изјави Басо за време на судскиот процес против докторот.
Допинг аферата во која е вмешан Басо се случила на „Тур де Франс“ во 2005 година, кога италијанскиот велосипедист беше второпласиран зад Улрих.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


