Муслиманите не смеат да патуваат на Марс, забранија исламските водачи во Обединетите Арапски Емирати. Муслиманите, сметаат тие, на тој начин непотребно би го загрозиле својот живот. Со други зборови, астронаутите ги сметаат во истата категорија како и самоубијците.
Оваа верска наредба беше издадена откако се појави приказната за мисијата на Марс, во која астронаутите добиваат карта во еден правец за црвената планета. „Патувањето е опасно по живот, а исламот тоа никако не може да го оправда“, се наведува во пораката од верските лидери.
Од мисијата, пак, порачаа до муслиманскиот свет: повлечете ја фатвата и дојдете со нас. „Марс Еден“ со почит побара од водачите да ја откажат фатвата и до го „направат најголемото патување на сите времиња отворено за муслиманите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


