Суперлативот „нај“ е нашиот заштитен знак, кој и тоа како си го заслужува местото во понудата на „Форд“, велат од „Ми Да Гранд Моторс“.
Имено, добропознатиот модел „форд фокус“ е продаден во повеќе од 12 милиони примероци во светски рамки во кој се вклучуваат околу 7 милиони само во Европа од неговото лансирање во 1998 година. Во 2013 година, актуелниот модел на „форд фокус“ кој содржи најсовремена технологија и софистициран дизајн е НАЈпродаваниот автомобил во светот со продажба од преку 1,1 милион примероци.
Вториот суперлатив се однесува на револуционерниот бензински турбомотор од фордовата технологија познат како „екобуст“ (EcoBoost). Овој агрегат комбинира мала зафатнина, лесни материјали, директно вбризгување на горивото, турбополнење и променливо темпирање на вентилите за да ја намали потрошувачката до 20 проценти во споредба со поголемите мотори, но да ја извлече максималната моќност од секоја капка гориво. Притоа „екобуст“ е револуционерен бидејќи првпат во историјата две години по ред се закитува со наградата Интернационален мотор на годината, со што се етаблира како НАЈнаградуван мотор во светот.
Спојот на докажан автомобил со извонреден мотор е понуда која не можете да ја одминете. Сега кога веќе ги знаете сите факти, следува клучниот момент кој речиси секогаш е пресуден при набавката на нов автомобил. Тоа секако е цената.
„Ми-Да гранд моторс“ и во овој одговор повторно, заслужено, ќе се послужи со суперлативот НAJ… имено, најновата технологија и квалитет отсега достапни по НАЈниската цена на светот. „Форд фокус 1.о екобуст“ со трендниво на опременост за само 11.990 €.
Во Македонија потрошувачите, дефинитивно, знаат да проценат добра понуда посебно кога се работи за автомобилите. Закажете тест-возење и проверете ја и Вие НАЈ понудата во светот!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


