| четврток, 6 декември 2018 |

Преку 500 барања за новиот „форд мустанг“

мустанг

Преку 9.300 европејци поднесоа барање да ги резериваат првите 500 нови модели на „форд мустанг“ за време на финалето на фудбалската Лига на шампиони (ЛШ).

Првите пријави пристигнаа во првите 30 секунди од натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. Новиот модел на „форд мустанг“ ќе биде достапен низ Европа следната година. За првпат во 50-годишната историја на спортски возила ќе се продава ширум Европа.

мустанг1

– Знаевме дека ќе се создаде голема фама околу доаѓањето на новиот Mustang во Европа, но реакцијата за време на финалниот натпревар беше извонредна – изјави Ролент де Вард,  заменик-претседател на Маркетинг, продажба и услуги за „форд“  во Европа.

– Навистина е извонредно да се започне вака ерата на „мустанг“ во Европа – додаде тој.

Новите 500 „мустанг“ возила беа наменети за 20 држави. Во следните неколку недели „Форд“  ќе ги контактира клиентите од тие држави за да ги извести дека пријавите се успешно примени. При крајот на годината, секој клиент ќе биде поканет да ја доврши својата нарачка во локалните претставништва.

Моделите со засечен заден дел во Race Red боја и моделите кабриолет со Magnetic Silver боја беа достапни, и двата модела вклучуваа специјален пакет на опрема. Клиентите исто така имаа избор помеѓу новиот 2.3-литарски EcoBoost мотор на Форд со над 309КС (коњски сили) и обртен момент од 407 Nm (њутн метри), или 5.0-литарскиот V8 мотор кој испорачува над 426КС и обртен момент од 529Nm.

мустанг2

Овие 500 модели ќе бидат опремени и со систем за навигација и врски Ford SYNC 2; седишта со систем за загревање и вентилација; сензори за паркирање, ентериер од црна кожа, хромирани детали и 19-инчни алуминиумски тркала.

Како официјален застапник на возила за Лигата на шампиони на УЕФА за сезоната 2013/2014, Ford обезбеди преку 900 возила за официјална употреба. Повеќе од 200 Ford возила ги превезуваа VIP личностите и официјалните лица на финалниот натпревар, а Ford Mustang го превезуваше и победничкиот трофеј од Шампионскиот фестивал на УЕФА до стадионот Estádio do Sport Lisboa e Benfica во Лисабон.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top