Моделот Лија Лезарк ја облече провокативната варијанта на фустан на Том Форд, со кој Ријана и Кара Делевин скоро ги собраа погледите не само на папараците, туку и на сите присутни.
Кара Делевин ја облече гламурозната верзија на фустанот, за забавата на британските Модни награди.
Ријана, пак, блесна на црвениот тепих на „amFAR Gala“, избирајќи бел модел, долг до земја, со предизвикувачки шлиц, кој ги открива црните подвески на пејачката.
Што е посебно кај фустаните на дизајнерот од неговата последна пролетна колекција за 2015 година?
Мрежестиот дел на деколтето, покриен со шарени украси, кои ги покриваат градите.
Лија Лезарк, освен модел, е и професионална диџејка и обожавателка на провокативни визии, кои не ги демонстрира првпат на светски настан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.