| четврток, 6 декември 2018 |

Форд Транзит „Skyliner“ е приватен авион на тркала

Иднината на копнениот ултра-премиум превоз е тука и доаѓа со просторен ентериер кој се претвора во извонредно забавно искуство или бизнис состанок, само со команда на смартфон.

„Форд“ денеска го откриваат концептот „Transit Skyliner“ на луксузно комбе, илустрирајќи неограничена флексибилност, подвижност и способност на новиот „Транзит“, кој излегува во продажба ова лето.

„Transit Skyliner“ го отелотворува духот на луксузните автобуси и се базира на традицијата на сопствената изработка на комбиња, демонстрирајќи како Форд Транзит може да биде трансформиран и да одговара на потребите од лимузински и високо класни превозни услуги, како и за комерцијални флоти, за трансфер-превозници и сопственици на мали бизниси.

Во внатрешноста, „Transit Skyliner“ може да се трансформира во четири драматични нивоа на амбиенти – театрален, бизнис, приемен и патувачки – со подвижни, индивидуално-дизајнирани „Трон” седишта, кои се репозиционираат автоматски, контролирани со смартфон или таблет:

FordSkylinerTransitConceptinterior

Театрален: Седиштата гледаат во 52-инчен вовлечен Stewart филмски екран и се местат за оптимално филмско гледање.

Бизнис: Се отвора подвижна маса и кожните седишта се собираат околу неа за разговор лице в лице.

Приемен: Лизгачките врати се отвораат четири метри широко и седиштата се редат за полесно да се забавувате ако сте паркирани на некој настан.

Патувачки: За ултимативен комфор и изолираност, патниците може да ги наместат своите седишта на наслон и потпирачите за нозе кои се вовлекуваат.

Целосниот внатрешен ентериер – од седишта до LED амбиентално осветлување, се интегрирани во автоматски систем Crestron контролиран преку смартфон или таблет. Системот за забава исто така вклучува Focal Utopia 7.2 сараунд систем со звучници, кои се рачно изработени во Франција специјално за Transit Skyliner, KVH DIRECTV, за HD ТВ и калеидоскопски медиасервер со простор за меморирање, еквивалентен на повеќе од 300 Blu-ray филмови или повеќе од 1,000 DVD-ја.

Пијалоците можат да се служат од „Transit Skyliner“-овиот бар. Сопствените багажни додатоци се во тон и одговараат на уникатните кожни седишта на возилата.

– Патувањето во „Transit Skyliner“ е неспоредливо искуство – вели Тим Штоер, менаџер на комерцијалниот маркетинг за товарни возила на Форд. “Кога ќе стапнете во возилото, вие веднаш сте обземени од импресивниот индивидуално прилагоден дизајн и високо технолошката аудио-визуелна средина. И додека да се свестите, веќе сте пристигнале на вашата дестинација.

Надворешноста на „Transit Skyliner“ вклучува прилагодена сребрена металик боја, која шематски се акцентира на контрастната долна решетка, хромираните предни светла и прилагодените тркала Forgiato. Динамичниот дизајн го рефлектира Transit-овиот модерен европски изглед.

„Transit Skyliner“ е прилагоден врвен израз на „Транзит“.

Штоер вели: – Ние создадовме возило кое го нагласува високиот потенцијал на Фордовата Транзит платформа за пазарот на луксузни возила и го претставува „Транзит“ како следна генерација на модерни комбиња со ефикасност во согорувањето.”

„Transit Skyliner“ го вклучува 3.5-литарскиот EcoBoost® мотор достапен кај Ford Transit.

Со 487 метри кубни товарен волумен и висина на ентериерот од 207 сантиметри, овој модел со висок кров и долго меѓуоскино растојание со продолжена шасија, „Транзит“ се прилагодува во приватен авион на патот. Неговиот уникатно прилагоден лимузински дизајн докажува дека способностите на Форд Транзит ги надминуваат потребите за превоз, комерцијални флоти и генерални превозници.

Новиот „Транзит“ ќе нуди две меѓуоскини растојанија, три различни висини на покривот и три агрегати кои ќе ги задоволат бројните потреби без измени на школката.

Надворешниот дизајн на „Transit Skyliner“ потекнува од европското студио за дизајн на Форд базирано во Дантон, Англија, чија изведба беше водена од страна на Мелвин Бетанкорт, менаџер за дизајн во Форд, како и Бо Бокман, претседателот на Galpin Auto Sports.

Галпин Форд е најголемото застапништво на Форд во светот, кое во последните 60 години се бави со модифицирање на возила. Форд им пријде на Галпин за овој групен проект поради тоа што Галпин беше меѓу пионерите во трендот на пренамена на комбиња во 60-тите и 70-тите, како и меѓу првите кои го започнаа овој сегмент. Галпин се уште е лидер во сегментот на пренаменети комбиња.

– Искрено, возбудени сме што работиме со Форд во креирање на иднината на луксузното патување,” изјави Бекман од Galpin Auto Sports. Имајќи ја предвид нашата историја од шеесетите и седумдесетите години во креирањето комбиња кои се пренаменуваат, како и нашите неодамнешни високо технички проекти, заедно со Форд му дадовме живост на комбето ултра-премиум.

– Galpin е посебно возбуден поради лансирањето на „Транзит“, кој се потпира на Фордовото лидерство кај комерцијалните возила со нов дизајн, правејќи го одлична платформа со можност за модифицирање – додаде Бекман

„Transit Skyliner“ ќе дебитира на Меѓународниот автосаем во Њујорк на 15-ти април во Конвенцискиот центар Jacob K. Javits.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top