
Повеќе од 40 проценти од граѓаните во Македонија имаат доверба во македонската Влада, покажуваат резултатите од глобалното истражување на „Галуп“.
Повисока доверба во својата влада од земјите од поширокиот регион, според истражувањето, покажале само граѓаните на Малта и на Турција.
Помала доверба во владата имаат граѓаните на Србија и на Албанија, околу 35 проценти, на Хрватска, околу 30 проценти. Нешто помала доверба од помалку од 30 проценти имаат владите на Чешка, Романија и на Летонија. Најмала доверба од околу 15 проценти кај своите граѓани имаат владите на Грција и на Босна и Херцеговина.
„Галуп“ ја спровел анкетата кон крајот на минатата година на 1.000 испитаници од цела Македонија.
„Галуп“ е глобална истражувачка мрежа со седиште во Вашингтон. Има речиси 40 канцеларии во 20 земји во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


