| четврток, 6 декември 2018 |

Старо-новото алиби за пораз се вика Пустец

Пу­стец, единс­тве­на­та ма­ке­дон­ска оп­шти­на над­вор од ма­тич­на­та др­жа­ва, се нај­де ме­ѓу два ог­на. Од ед­на стра­на ал­бан­ски­те вла­сти, а од дру­га стра­на СДСМ. Пр­ви­те со но­ва­та те­ри­то­ри­јал­на ор­га­ни­за­ци­ја са­ка­ат да ги из­бри­шат ка­ко оп­шти­на, а исто­вре­ме­но вто­ри­те ги са­та­ни­зи­ра­ат ка­ко при­чи­на за за­гу­бе­ни из­бо­ри. Пре­ра­бо­тка на биб­ли­ска­та при­каз­на за Ка­ин и Авел или тие, се­пак, не зна­е­ле што е по­ли­ти­ка, а уште по­мал­ку ре­зул­та­ти. Пу­стец оста­на ка­ко до­бро и до­ка­жа­но али­би за след­ни­те из­бо­ри, ка­кви и да се... Ал­бан­ска­та опо­зи­ци­ја за­ста­на во од­бра­на на Ма­ке­дон­ци­те, а ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја ги на­пад­на бе­ском­про­мис­но?!

Analiza76-3

За­мис­ле­те де­ка сте Ма­ке­до­нец од Пу­стец. Ја са­ка­те сво­ја­та ма­тич­на др­жа­ва и со­ну­ва­те за неа, ги по­са­ку­ва­те пра­ва­та што ги ужи­ва­ат ва­ши­те бра­ќа на са­мо не­кол­ку ки­ло­ме­три од вас, а ва­ша ви­на е што во по­ли­тич­ки­те рас­чи­сту­ва­ња и обе­ле­жу­ва­ња ре­ги­о­нот имал не­сре­ќа да се пад­не на ал­бан­ска те­ри­то­ри­ја. Но, не сте ви­нов­ни са­мо за тоа, се­га сте ви­нов­ни и за ка­та­стро­фал­ни­от по­раз на опо­зи­ци­ја­та на ло­кал­ни­те из­бо­ри во Ма­ке­до­ни­ја. А, ка­ко што трг­на­ло, ќе би­де­те ви­нов­ни и за пре­тсе­да­тел­ски­те и за пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри, до­кол­ку ги има. При се­кое го­сту­ва­ње, чел­ни­ци­те на СДСМ ќе ве спо­ме­ну­ва­ат вам и ва­ша­та оп­шти­на, ко­ја ис­чез­ну­ва, а бла­го­да­ре­ние на нив згас­ну­ва со предз­на­кот на грд си­но­ним за из­бор­на из­ма­ма. Не­за­вис­но што ве има са­мо 3000 во цел Пу­стец, не­за­вис­но што ед­вај кр­пи­те крај со крај, но вие сте ви­нов­ни за сè. Спо­ред те­о­ри­и­те на Би­ха­ќка, си­гур­но сте ви­нов­ни и за вој­ни­те во Бос­на, Ви­ет­нам…

„От­по­рот“ поч­на да ги ја­де и сопс­тве­ни­те де­ца и бра­ќа?!

Не дај бо­же, но лес­но мо­же да се слу­чи Пу­стец да ис­чез­не ка­ко Оп­шти­на. Пла­но­ви­те на ал­бан­ски­те вла­сти и но­ва­та те­ри­то­ри­јал­на ор­га­ни­за­ци­ја на по­че­то­кот на 2015 го­ди­на го пред­ви­ду­ва­ат кра­јот на единс­тве­на­та ма­ке­дон­ска ло­кал­но-ет­нич­ка оа­за на Бал­ка­нот, ко­ја е над­вор од гра­ни­ци­те на ма­тич­на­та др­жа­ва. А, во Ма­ке­до­ни­ја, на ед­на го­ди­на пред гу­бе­ње­то на Оп­шти­на­та, на­ме­сто да се бо­рат за оп­ста­нок на ло­кал­на­та еди­ни­ца ко­ја е га­рант за пра­ва­та на на­шин­ци­те во Ал­ба­ни­ја, сле­ду­ва­ше ка­но­на­да на по­ли­тич­ки об­ви­ну­ва­ња на адре­са ток­му на Оп­шти­на Пу­стец и на неј­зи­ни­от прв чо­век, Ед­монд Те­мел­ко. Единс­тве­ни­от ма­ке­дон­ски гра­до­на­чал­ник во ре­ги­о­нот ста­на цел на по­ли­тич­ки по­тку­су­ру­ва­ња од опо­зи­ци­ја­та во ма­тич­на­та зем­ја. Иа­ко за ко­ја би­ло дру­га зем­ја ве­ста би спа­ѓа­ла во ру­бри­ка­та „Ве­ру­ва­ле или не“, кај нас, очиг­лед­но, сè е мож­но. За да би­де иро­ни­ја­та уште по­го­ле­ма, исто­вре­ме­но до­де­ка ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја ата­ку­ва­ше врз сво­и­те, ал­бан­ска­та опо­зи­ци­ја за­ста­на во од­бра­на на ма­ке­дон­ско­то мал­цинс­тво, про­тив но­ва­та те­ри­то­ри­јал­на по­дел­ба и бри­ше­ње­то на Пу­стец, но таа не­ма до­вол­но гла­со­ви во пар­ла­мен­тот во Ти­ра­на за да го оне­воз­мо­жи тој чин.

Те­мел­ко пре­диз­ви­ка гнев на Би­ха­ќка, ко­ја е бе­скру­пу­лоз­на и пре­пол­на со цр­ни афе­ри, со ед­но­став­на кон­ста­та­ци­ја и ба­ра­ње да не се са­та­ни­зи­ра­ат жи­те­ли­те на Пу­стец и Ма­ке­дон­ци­те од Дол­на Прес­па.
– На кра­јот на кра­и­шта­та, зо­што ед­на по­ли­тич­ка пар­ти­ја да ги са­та­ни­зи­ра, да ги из­ло­жу­ва на потс­мев? Не­ка ги при­до­бие, не­ка ги прив­ле­че со сво­ја­та по­ли­ти­ка, се­вкуп­на и осо­бе­но со др­же­ње­то кон нас Ма­ке­дон­ци­те над­вор од Ма­ке­до­ни­ја. Нам ни е по­треб­но са­мо мал­ку вни­ма­ние – по­со­чи Ед­монд Те­мел­ко.

А, ка­ко од­го­вор до­би куп об­ви­ну­ва­ња од СДСМ.

– Гра­до­на­чал­ни­кот Те­мел­ко на­ме­сто да се за­ни­ма­ва со из­бо­ри во Ма­ке­до­ни­ја, не­ка се за­ло­жи ал­бан­ска­та вла­да да не ја уки­не Оп­шти­на Пу­стец. Тоа му е ра­бо­та – екс­прес­но му вра­ти­ја со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те.

Analiza76-1

По на­ви­ка и во нај­но­ва­та фор­ма на ре­чи­си ма­ки­ја­ве­ли­стич­ки ме­ди­ум­ски при­стап, по се­којд­нев­ни­те две-три цр­ни прес-кон­фе­рен­ции за афе­ри во Ма­ке­до­ни­ја, на Би­ха­ќка ѝ „лег­на“ и Те­мел­ко, па и не­го го об­ви­ни за ко­руп­ци­ја и за по­вр­за­ност со ВМРО-ДПМНЕ, ко­ја, нај­ве­ро­јат­но, го има потп­ла­те­но и вре­ме­то за зи­ма­та да би­де нај­топ­ла и гра­ѓа­ни­те да пла­тат по­мал­ку за огрев и за стру­ја.

„От­по­рот“ поч­на да ги ја­де сопс­тве­ни­те де­ца и бра­ќа, бе­ше еден од кра­тки­те ко­мен­та­ри на со­ци­јал­ни­те мре­жи. Бе­скру­пу­лоз­ни­от при­стап на „но­ва­та“ СДСМ не ги по­ште­ди ни­ту сво­и­те со­на­род­ни­ци во Ал­ба­ни­ја. На „Фејс­бук“ бе­ше по­ста­ве­но пра­ша­ње што е след­но, Би­ха­ќка да се отка­же од ОМО „Илин­ден“ – Пи­рин и од „Ви­но­жи­то“ за при­каз­на­та за Фран­кен­штајн да би­де комп­лет­на. А, до­кто­рот и соз­да­ва­чот на ова слав­но чу­до­ви­ште во Ма­ке­до­ни­ја би се ви­кал Цр­вен­ков­ски.

Те­мел­ко: Про­дол­жу­ва ста­ра­та сдсмов­ска по­ли­ти­ка на ома­ло­ва­жу­ва­ње на Ма­ке­дон­ци­те од Ал­ба­ни­ја

Analiza76-2По оса­мо­сто­ју­ва­ње­то, во вре­ме­то на вла­де­е­ње на СДСМ во 90-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, гра­ни­ча­ри­те нè до­че­ку­ваа со на­вред­ли­ви фра­зи, ка­ко, „Дој­доа оние Ал­бан­ци­те“ и „Еве ги Кур­ди­те“, а ние Ма­ке­до­ни­ја ја гле­дав­ме ка­ко ве­те­на зем­ја, ве­ли Ед­монд Те­мел­ко за „Ре­пуб­ли­ка“. Збо­ру­вај­ќи за гол­го­та­та на на­па­те­ни­от ма­ке­дон­ски на­род од Пу­стец, се се­ќа­ва кол­ку те­шко се бри­шат се­ќа­ва­ња­та на се­којд­нев­ни­те слу­чу­ва­ња при кои ма­тич­на­та др­жа­ва доз­во­лу­ва­ла ин­сти­ту­ци­и­те на си­сте­мот да го ома­ло­ва­жу­ва­ат, мал­тре­ти­ра­ат и гр­до да си по­и­гру­ва­ат со сопс­тве­но­то мал­цинс­тво.

– И по­крај си­те тие слу­чу­ва­ња, се­га сме им ви­нов­ни за сè – по­со­чу­ва гра­до­на­чал­ни­кот на Пу­стец, кој е еден од ос­но­ва­чи­те и пре­тсе­да­тел на ма­ке­дон­ска­та ор­га­ни­за­ци­ја „Преспа“ во Ре­пуб­ли­ка Албанија.

– За­ев во ин­терв­ју по­ве­ќе па­ти нè по­со­чи ка­ко гла­вен ар­гу­мент за не­ре­гу­лар­но­сти на из­бо­ри­те – ве­ли Те­мел­ко, кој е поз­нат и над­вор од ал­бан­ски­те гра­ни­ци ка­ко не­у­мо­рен бо­рец за пра­ва­та на Ма­ке­дон­ци­те во Ал­ба­ни­ја и во све­тот.

Ед­монд Те­мел­ко е во нај­тес­на со­ра­бо­тка е со ОМО „Илинден“ – Пирин, „Виножито“, Светски македонски конгрес и оста­на­ти­те ма­ке­дон­ски на­ци­о­нал­ни ор­га­ни­за­ции и пар­тии од Македонија и од ди­јас­по­ра­та. Но, тоа е во све­тот, не и на Би­ха­ќка, ко­ја ста­на но­ва оа­за на не­тр­пе­ли­во­ста…

Го пра­шав­ме Те­мел­ко ка­ко ја тол­ку­ва пос­лед­на­та цр­на кам­па­ња на СДСМ про­тив не­го, од­нос­но да­ли опо­зи­ци­ска­та пар­ти­ја во жи­те­ли­те на Пу­стец нај­де али­би за ка­та­стро­фал­ни­от по­раз на ло­кал­ни­те из­бо­ри или, пак, мо­же­би ги под­го­тву­ва и ка­ко но­во али­би за пре­тсе­да­тел­ски­те, а, до­кол­ку ги има, и за пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри.

Темелко: Жал­но е што СДСМ мис­ли та­ка, но ма­ке­дон­ски­от на­род има до­бри изре­ки, а ед­на од нив е чо­век што се да­ви во во­да, се фа­ќа и за слам­ка. Тоа е нај­до­бар ко­мен­тар за си­ту­а­ци­ја­та во СДСМ.

Ка­ко се чув­ству­ва­те ко­га пар­ти­ја од ма­тич­на­та зем­ја Ве об­ви­ну­ва де­ка тес­но со­ра­бо­ту­ва­те со вла­де­јач­ки­те пар­тии и за­ед­но, ка­ко што ве­лат, го ома­ло­ва­жу­ва­те ма­ке­дон­ски­от на­род во Ал­ба­ни­ја?

Темелко: Ви­де­те, ние Ма­ке­дон­ци­те во Ал­ба­ни­ја има­ме ја­сен и поз­нат став, ние Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, на­ша­та ма­тич­на др­жа­ва, не ја гле­да­ме ка­ко не­ка­ква пар­ти­ја, ту­ку ка­ко на­ша Ма­ке­до­ни­ја! Ние се­ко­гаш ќе би­де­ме на стра­на­та на тие што се на бра­ни­кот на ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја, без раз­ли­ка на по­ли­тич­ка­та при­пад­ност, и ќе би­де­ме про­тив си­те што за­го­ва­ра­ат про­ме­на на име­то и на на­ши­от ма­ке­дон­ски иден­ти­тет.

Во вр­ска со ома­ло­ва­жу­ва­ње­то на ма­ке­дон­ски­от на­род во Ал­ба­ни­ја, ќе го спо­ме­нам след­но­во. Не са­кам да би­дам сфа­тен по­греш­но, но ќе откри­јам ед­на ви­сти­на што не е мно­гу поз­на­та кај Ма­ке­дон­ци­те во др­жа­ва­та. По са­мо­стој­но­ста на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја на се­кој Ма­ке­до­нец во Ал­ба­ни­ја му бе­ше жел­ба да стап­не во Ма­ке­до­ни­ја. И та­ка, ќе трг­неа со го­лем ен­ту­зи­ја­зам, а се вра­ќаа на­вре­де­ни по­ра­ди тоа што на са­ми­от гра­ни­чен пре­мин „Сте­ње“ беа пре­че­ку­ва­ни со на­вред­ли­ви збо­ро­ви, ка­ко „Дој­доа оние Ал­бан­ци­те“ или „Кур­ди­те“ со еден крај­но ома­ло­ва­жу­вач­ки тон. По­тоа ќе ги др­жеа на ред ка­ко сто­ка, а тие по­тоа ќе про­дол­жеа во вна­треш­но­ста на Ре­пуб­ли­ка­та за да спе­ча­лат не­кој де­нар, ќе по­дра­бо­теа по не­што – бер­ба на ја­бол­ка, ѕи­да­ње или не­што дру­го. Ве­ру­вај­те, ќе ги зе­меа од ни­ви­те со ја­бол­ка или од ме­ста­та ка­де што беа за ра­бо­та и, бу­квал­но, ќе ги де­пор­ти­раа пре­ку „Ќа­фа­сан“, на­мер­но, за да се мал­тре­ти­ра­ат сто­ти­на ки­ло­ме­три по­ве­ќе до Пу­стец. Иа­ко гра­нич­ни­от пре­мин „Сте­ње“ бе­ше на са­мо не­кол­ку ки­ло­ме­три.

И не са­мо тоа, на па­со­ши­те има­ше од две до пет го­ди­ни за­бра­на за Ма­ке­до­ни­ја, за сво­ја­та ма­тич­на др­жа­ва! Тоа е мо­рал­но уни­шту­ва­ње.

Е, за жал, тие се­ќа­ва­ња уште се све­жи кај ма­ке­дон­ски­от на­род во Ал­ба­ни­ја. Са­ми про­це­не­те – кој ко­го ома­ло­ва­жу­ва?

За крај ќе ка­жам де­ка, сле­деј­ќи ги пос­лед­ни­те слу­чу­ва­ња, за СДСМ, што ве­ли на­ро­дот од Пу­стец – клај, кре­ни Ма­ке­дон­ци­те од Пу­стец се ви­нов­ни за сè?! Тоа е знак де­ка тие не мо­жат да се ос­ло­бо­дат од ста­ра­та по­ли­ти­ка на ома­ло­ва­жу­ва­ње на ма­ке­дон­ски­от на­род во Ал­ба­ни­ја, но не­ка им слу­жи на чест.

Analiza76-4

Темелко: Ние сме глав­ни­от ар­гу­мент на За­ев за из­бор­ни не­ре­гу­лар­но­сти?!

Кол­ку на­ви­сти­на и ре­ал­но око­лу 3000 Ма­ке­дон­ци од оп­шти­на Пу­стец мо­жат да вли­ја­ат на по­ли­тич­ка­та сце­на во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја? Иа­ко не­воз­мож­но, но, и ко­га си­те би се исе­ли­ле на еден из­бо­рен ден, број­ка­та по­втор­но би би­ла ми­нор­на ду­ри и за ло­кал­ни из­бо­ри, освен, се раз­би­ра, за оп­шти­на Ко­но­пи­ште и Ран­ков­це. Се­пак, нив­на­та са­та­ни­за­ци­ја ка­ко ос­нов­ни при­чи­ни­те­ли за из­бор­ни не­ре­гу­лар­но­сти про­дол­жу­ва. Тоа по­сто­ја­но, без срам и ар­гу­мен­ти, ве­ли Те­мел­ко, го рас­ка­жу­ва во се­ко­ја при­го­да и са­ми­от ли­дер на СДСМ. Гра­до­на­чал­ни­кот на Пу­стец не оче­ку­ва ви­стин­ска по­мош од СДСМ за одр­жу­ва­ње на Оп­шти­на­та на ло­кал­ни­те ма­пи во Ал­ба­ни­ја, а ка­ко ар­гу­мент ја истак­на вме­ша­но­ста на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те во уни­шту­ва­ње­то на оп­шти­ни­те Ки­че­во и Стру­га.

Темелко: Ви­де­те, на­ви­сти­на е срам­но, го гле­дав ли­де­рот на опо­зи­ци­ја­та, Зо­ран За­ев, на „24 ана­ли­за“, тој ка­ко гла­вен ар­гу­мент за не­ре­гу­лар­но­сти на из­бо­ри не­кол­ку па­ти ги спо­ме­ну­ва­ше гла­са­чи­те од Пу­стец, и тоа изг­ле­да­ше мно­гу ни­ско.

Да би­де­ме на чи­сто, са­кам не­кој јав­но да од­го­во­ри ка­ква раз­ли­ка има гла­сач од Пу­стец или од Скоп­је или од Штип или од дру­го ме­сто, јас на­ви­сти­на не знам! Ма­ке­дон­ци­те по по­тек­ло од Пу­стец се нор­мал­ни гра­ѓа­ни, кои ка­ко си­те го има­ат сво­е­то гра­ѓан­ско пра­во да гла­са­ат и кол­ку што јас знам тие се нор­мал­ни лу­ѓе, ка­ко си­те. Тие не­ма­ат ро­го­ви да бо­дат, па на не­кој да му пре­чи.

Во оста­на­ти­те зем­ји во Евро­па и во све­тот, без иск­лу­чок, мал­цинс­тво­то во со­сед­ни­те зем­ји се чу­ва по­ве­ќе и од на­ро­дот во ма­тич­на­та зем­ја, ка­ко еден вид бо­гат­ство, ток­му по­ра­ди тоа што е во по­мал број и во по­ло­ша си­ту­а­ци­ја. Кај нас, пак, има­ме пре­се­дан?

Темелко: Ќе ви ка­жам ед­на ви­стин­ска случ­ка со еден му­дар чо­век од Пу­стец – де­до Пе­тре, бог да го про­сти.

Тој има­ше не­кол­ку вну­ци, ќе ги со­бе­ре­ше и од­вре­ме-на­вре­ме ги по­ду­чу­ва­ше. Де­до Пе­тре им ве­ле­ше: Ако не­ко­гаш се нај­де­те во те­шко, а не зна­е­те што да ра­бо­ти­те, то­гаш ќе оди­те го­ре на вр­вот од ри­дот Гап­че и ќе пог­лед­не­те на­до­лу. Ако има лу­ѓе што ора­ат, орај­те и вие, а ако жне­ат, жнеј­те и вие!

Са­кам да му го по­ра­чам исто­то на СДСМ, не знам кол­ку ќе би­дам раз­бран и се­ри­оз­но сфа­тен, но ако не зна­ат другo – ба­рем не­ка ви­дат око­лу да­ли не­ко­ја др­жа­ва во со­сед­ни­те зем­ји спо­ме­ну­ва не­што, што и да би­ло, во не­га­ти­вен кон­текст за сво­е­то мал­цинс­тво, па и тие та­ка не­ка пра­ват.

Си­те пар­тии, во си­те др­жа­ви, без раз­ли­ка да­ли се на власт или во опо­зи­ци­ја, со фа­на­ти­зам го чу­ва­ат и го бра­нат сво­јот на­род над­вор од гра­ни­ци­те на др­жа­ва­та.

За по­ли­тич­ки да ја уб­ла­жат си­ту­а­ци­ја­та, тие на кра­јот, по си­те об­ви­ну­ва­ња, ви по­ну­ди­ја „по­мош“ за одр­жу­ва­ње на Оп­шти­на Пу­стец. Оче­ку­ва­те ли Ал­ба­ни­ја со но­ва­та те­ри­то­ри­јал­на ор­га­ни­за­ци­ја на зем­ја­та во 2015 го­ди­на на­ви­сти­на да ја „из­бри­ше“ од ло­кал­на­та ма­па единс­тве­на­та ма­ке­дон­ска оп­шти­на?

Темелко: На­црт-вер­зи­ја­та на ал­бан­ска­та вла­да за но­ва те­ри­то­ри­јал­на по­дел­ба или кри­те­ри­у­ми­те и ме­то­до­ло­ги­ја­та на но­ва те­ри­то­ри­јал­на по­дел­ба ги воз­не­ми­ри си­те Ма­ке­дон­ци во Ал­ба­ни­ја би­деј­ќи на таа на­црт-вер­зи­ја Оп­шти­на Пу­стец бе­ше из­бри­ша­на и спо­е­на со ед­на со­сед­на оп­шти­на, По­ја­ни (По­ле­ни), ко­ја е на­се­ле­на со чи­сто ал­бан­ско на­се­ле­ние.

Се на­де­вам за­ра­ди тоа што сме оп­шти­на со сто­про­цент­но ет­нич­ки Ма­ке­дон­ци и ги вло­жу­ва­ме си­те си­ли за да би­де­ме за­шти­те­ни ка­ко та­кви. Се на­де­ва­ме де­ка Оп­шти­на Пу­стец не­ма да би­де уки­на­та.

Дра­га ни е по­мо­шта од кој би­ло до­бро­на­мер­ник да по­мог­не за на­ви­сти­на Оп­шти­на Пу­стец да оста­не ка­ква што е.

Јас лич­но не ве­ру­вам на искре­на по­мош од СДСМ, трг­ну­вај­ќи од фа­ктот де­ка СДСМ ги уки­на оп­шти­ни­те Стру­га и Ки­че­во во 2004 го­ди­на, та­ка што по­ну­де­на­та по­мош од нив е сом­ни­тел­на.

(Пишува: Љупчо Цветановски | Фото: Република
Текст објавен во 76. број на неделникот „Република“, 14.02.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top