| четврток, 6 декември 2018 |

„Катар ервејс“ бара персонал за вработување од Македонија

katar

Авиокомпанијата „Катар ервејс“ преку оглас за вработување бара стјуардеси и друг помошен персонал од Македонија,  а отворените позиции се со седиште во Доха, Катар.

Според огласот за вработување, се бара кабински персонал за во авионите на „Катар ервејс“, а компанијата организира разговор со заинтересираните за да можат директно да се запознаат со условите што ги нуди оваа компанија.

Заинтересираните кандидати ќе можат да се јават на интервју на 1 март во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, а потребно е да приложат кратка биографија и една фотографија со големина како за пасош.

За кандидатите што ќе влезат во потесен круг ќе следи дополнителен процес на селекција и проверка на знаењата и вештините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top