Премиерлигашот Тотенхем го загуби првиот меч од шеснаестина финалето во Европа Лигата, а лизгав за ѕвездите од Лондон беше теренот во Днепропетровск. Домашниот Дњипро победи со 1-0 со голот на Конопљанка од пенал во 81. минута. Во останатите дуели што се одиграа вечерва фаворитите немаа проблеми.
Јувентус со 2-0 го совлада Трабзонспор, со идентичен резултат Валенсија на неутрален терен во Никозија го победи Динамо Киев, а со два гола разлика и тоа 3-1, Фиорентина победи во Данска против Есбјерг.
Без голови завршија натпреварите меѓу Анжи и Генк, односно Черноморец и Лион, а со по еден погодок на гости славеа Бенфика против ПАОК и Аз Алкмар со Либерец.
Од 21,05 почнаа уште 8 натпревари од оваа фаза, а единствениот македонски фудбалер што настапува во Европа Лигата, Горан Пандев е резерва за наполи на гостувањето во Велс кај Свонси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Извлечени осминафиналните парови во Лига Европа: Милан на мегдан со Арсенал, Спортинг на Ристовски доби лесен противник
-
Тотенхем со пет гола во мрежата на Стоук ја прекина црната серија во Англија