
Иако секоја жена планира да се породи во болница, не секогаш се исполнуваат плановите. На британката Ким Леигтон, планот не и се исполнил.
Таа се породила на улица, покрај трговски центар, а наместо доктори и акушерки, и помогнале мајка и и обезбедувањето од трговскиот.

Брзата помош пристигнала, но немале време да ја однесат во болница, па породувњето продолжило на улица. Покрај неа биле и нејзиниот партнер и четиригодишниот син.

Таа добила породилни болки додека била во трговскиот центар „Еден“, а бебето го родила на тротоар, додека брзала накај автомобилот.
Целата породина драма била фатена од камерите на обезбедувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


