| четврток, 6 декември 2018 |

Заев се сретна со Венизелос: Посочивме дека тврдиот став на Грција не води кон решение

zaev

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик-претседателот на партијата, Радмила Шекеринска, денеска остварија средба со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос.

Заев истакна дека на Венизелос му посочиле дека тврдиот став на Грција во однос на прашањето за името не води кон решение и дека изнаоѓањето решение е возможно токму по пат на вакви средби.

– Интеграцијата на Македонија во ЕУ е од стратегиско значење. Посочивме дека тврдиот став на Грција за проблемот со нашето име не води кон изнаоѓање решение. Прашањето на името е проблем од највисок интерес за Македонија и не е дозволиво политички шпекулации или какви било политички ставови за ова прашање. Напротив, треба мудро и посветено да се најде начин како да се решат сите проблеми – рече Заев.

Според него, денешната средба, барем за некој процент е повеќе обврска на Грција за наоѓање на решение за проблемот бидејќи таа е претседавач со Советот на министри ЕУ и верувам дека оваа средба е исчекор на Македонија кон изнаоѓање на решение. За деталите  за името ние не разговараме, ние сме опозиција во државата, впрочем ние и не ги знаеме последните предлози на господинот Метју Нимиц.

– Се надевам дека мразот е скршен и очекувам уште средби и посети за да се надминат сите проблеми, но и да се унапреди економската соработка меѓу двете земји – изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top