| четврток, 6 декември 2018 |

Малер за шампионот во мото ГП класата, Марк Маркез ја скрши ногата

Марк Маркез, светскиот првак во мототрките во ГП класата, имаше незгоден пад во Леида и ја скрши десната нога, па ќе паузира околу еден месец. За среќа, Шпанецот не ги оштетил лигаментите и нема да оди на операција, но ќе мора да мирува од три до четири седмици.

Според најавите и оптимистичките прогнози од таборот на 21-годишниот шампион, Маркез ќе биде подготвен за стартот на новиот циклус натпревари во најсилната класа, кој ќе почне на 23 март со трката во Катар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top