| четврток, 6 декември 2018 |

Вознемирувачко фото: Мис Венецуела застрелена во глава за време на протести

genesis_carmona1

Лекарите не успеале да ѝ го спасат живот на венецуелската убавица Џенизис Кармоне (22), која била застрелана во глава во текот на студентските протести во Венецуела.
Со нејзината смрт, бројот на загинати во протестите оваа недела пораснал на петмина.

povredena
Непознат напаѓач стрелал во студентите што протестирале против владата на Никола Мадуро во Валенсија, Венецуела. Кармоне е застрелана среде улица, во текот на протестите во Валенсија.
Еден од минувачите ја подигнал од земјата застреланата убавица и на својот мотоцикл итно ја однел в болница.
За жал, и покрај неговата брза реакција и реакцијата на лекарите, кои долго се бореле за нејзиниот живот, таа починала.

genesis-carmona

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top