Полицијата го пронајде телото на 27-годишната Ванеса Меркот, кој била пријавена за исчезната во Принстон, Масачусетс. Младата жена која отишла на џогирање во неделата попладне, не се вратила.
Таа била свирепо убиена, прво била силувана, а потоа и запалена.
Меркот живеела во Њујорк и работела како менаџер во сметководството на „Гугл“, а во Принстон била во посета на својата мајка кога и последен пат била видена. Нејзиното тело било пронајдено од полициски кучиња во шумската област во близина на домот на мајка и.
Компанијата „Гугл“ изразила огромно жалење поради нејзината смрт, наведувајќи дека Ванеса била сакан и почитуван член на нивниот тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.