Пукаат живците на членовите на семејството Марјановиќ по убиството на пејачката Јелена. Засега членовите на семејството се осомничени, а изгледа и не можат да ги смират страстите еден кон друг.
Зоран Марјановиќ, сопругот на убиената ѕвезда на Гранд, збеснал и го нападнал својот татко, свекорот на Јелена, Владимир Марјановиќ.
Како што пишува Пинк.рс, последните денови ситуацијата во куќата на Марјановиќ е напната и има доста расправии. Ситуацијата кулминирала кога Зоран од засега непознати причини физички си го нападнал таткото.
За потсетување, Јелена беше пронајдена мртва пред 4 недели во Борча, кај насипот во Црвенка. Таа била брутално убиена со 30 удари од дрвена палка во главата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.