Македонија лани ја посетиле 2,5 проценти повеќе туристи од 2011 година. Според Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи е намален за 2,4 проценти, а на странските е зголемен за 7,3 проценти.
Бројот на ноќевањата е намален за еден процент, кај домашните туристи за 5,5 проценти, додека кај странските е евидентирно зголемување за 7,5 проценти.
Во декември лани, во однос на истиот месец во 2011 година, бројот на туристи бил 31.396, а бројот на ноќевањата 63.260. Бројот на туристите е намален за 4,5 проценти, а на ноќевањата е зголемен за 0,5 проценти. Бројот на домашните туристи е намален за 7,1 проценти, а на странските за 2,1 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи е намален за 1,2 процент, а бројот на ноќевањата на странските е зголемен за 2,1 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


