| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн и Атлетико Мадрид со капитална предност од гостински терен во ЛШ (видео)

Arsenal FC vs Bayern Munich

Европскиот шампион Баерн Минхен со капитална предност од два гола се враќа од Лондон по првиот натпревар од Лигата на шампионите против тимот на Арсенал. Баерн успеа да слави со 2-0 со головите на Тони Крос и Томас Милер во вториот дел од натпреварот.

Arsenal FC vs Bayern Munich

Во првиот дел двата тима не успеаја да реализираат удари од белата точка. Најпрвин голманот на Баерн, Мануел Ноер, успеа да го скроти ударот на Месут Озил во деветтата минута, а потоа Давид Алаба ја погоди само стативата откако беше исклучен првиот голман на Арсенал, Шчесни по стартот над Робен во сопствениот шеснаесетник.

Arsenal FC vs Bayern Munich

Во продолжението Баерн ја искористи предноста од играч повеќе на теренот, ја презеде иницијативата и успеа да победи, со што има голема предност пред реваншот во Минхен.

Arsenal FC vs Bayern Munich

Милан и Атлетико Мадрид во вториот натпревар вечерва одиграа цврст натпревар на „Сан Сиро“. Милан беше поблиску до победата по неколкуте шанси кои не успеа да ги реализира. Кака и Балотели успеаја да ја погодат конструкцијата на голот.

AC Milan vs Atletico Madrid

Во продолжението на натпреварот по еден изведен корнер најдобриот играч на Атлетико, Диего Коста, успеа со глава да ја погоди мрежата на седумкратниот европски шампион Милан и успеа да го однесе својот тим до победа од 1-0.

AC Milan vs Atletico Madrid

Со играта што ја прикажа Милан на вечерашниот натпревар, покажа дека е солиден тим кој нема лесно да се предаде на реваншот во Мадрид.

AC Milan vs Atletico Madrid

Арсенал – Баерн Минхен 0-2 (Крос 54, Милер 88)

Милан – Атлетико Мадрид 0-1 (Коста 83)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top