Македонскиот ракометен шампион Вардар во рамките на регионалната СЕХА лига на гостински терен го победи Татран Прешов со 29-27. Ова е значаен триумф за вардарци во борбата за едно од четирите места кое води на завршниот турнир во борбата за титулата.
„Црвено-црните“ на најдобар начин му се реваншираше на домаќинот за поразот во Скопје во првиот дел од сезоната.
Дибиров беше нерешлива енигма постигнувајќи 10 голови по пет во секое полувреме. Голманот Петар Ангелов беше на висина на задачата и во второто полувреме успеа да скроти десет удари на противничките играчи. Кај домаќините се истакна Кристапанс со осум гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


