Електрани на Македонија – ЕЛЕМ, на својата интернет страница, постави посебен банер за проектот „Луково Поле“. Во овој дел, граѓаните ќе можат да добијат повеќе податоци за проектот за изградба на хидроцентрала во Националниот парк „Маврово“, околу кој се дигнаа многу реакции во јавноста.
Реката Радика нема да исчезне, ниту, пак, ќе биде целосно пренасочена кон Вардарскиот слив, а проектот за изградба на хидросистемот „Луково Поле“ нема да предизвика негативно влијание врз Дебарското Езеро и националниот парк, тврди ЕЛЕМ, во чија надлежност е овој проект.
Од државната компанија уверуваат дека проектот не само што нема да има негативно влијание врз Дебарско Езеро, туку ќе овозможи дел од преливите од езерото, кои се изгубена и неискористена вода, да се искористат за производство на електрична енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.