Шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус, непосредно пред почетокот на француско-германскиот самит во Париз, изјави дека се можни санкции против Украина.
– Лицата кои се одговорни за ова не можат да останат некзанети, тоа што сакаме да го направиме со германците е перспективата на санкции да биде донесена на ниво на ЕУ. Ние за тоа ќе разговараме ќе имаме заедничка позиција – изјави Фабиус.
Според францускиот министер за надвореши работи можни се повеќе видови санкции, започнувајќи од лични против елементите кои го предизвикаа насилството, но според него најважно е сега да ситуацијата се смири и двете страни воспостават дијалог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.