| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган ќе му ги посочи на Самарас курдските кампови во Грција

Турскиот премиер Ердоган подготвува извештај за грчки колега Самарас во кој има информација за тренинг кампови за курдски терористи во Грција, соопшти грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на написи во турските медиуми. Според медиумите извештајот ќе биде готов до 4ти март, кога Самарас се очеква во Анкара.

(ЕПА) Курди поддржувачи на Курдската работничка партија ПКК со слика на лидерот Аббдула Очалан протестираат против политиката на турскиот премиер Ердоган барајќи ослободување од затвор за Очалан.

(ЕПА) Курди поддржувачи на Курдската работничка партија ПКК со слика на лидерот Аббдула Очалан протестираат против политиката на турскиот премиер Ердоган барајќи ослободување од затвор за Очалан.

Турскиот весник „Акшам“ пишува дека во извештајот од турската разузнавачка агенција МИТ има детали, односно список со сите курдски терористи за кои се претпоставува дека постојано престојуваат во Грција. На неколку пати Анкара тврди за вакви тренинг кампови во областа Атика, во Лаврио, Китеа, Оропос и Дилеси. Атина ги отрфлаше овие тврдења и ги оценува како обид за наметнување политички притисок, посочува весникот.

Весникот „Акшам“ забележува дека Ердоган ќе побара Атина да биде порешителна во одговорот на молбите за екстрадиција на осомничени курдски терористи од Грција во Турција.

(EПА) Слика од демонстрации во Анкара во 2008 против ПКК

(EПА) Слика од демонстрации во Анкара во 2008 против ПКК

Тврдењата дека Ердоган и Самарас на нивната минатомесечна средба во Катар го разгледале прашањето за тернинг камповите на членовите на Курдската работничка партија (ПКК) брзо беа демантирани од Атина.

Грчки дипломатски извори вчера соопштиле дека Грција изразила нервоза за начинот на кој Анкара дејствува. Истите извори забележуваат дека Атина е категорична во одлучноста за борба против тероризмот, а позицијата на Ердоган е дека сите европски држави го толерираат тероризмот.

Се очекува турскиот премиер со својот грчки колега да разгледаат серија „жешки“ прашања, вклучувајќи ги правата на муслиманското малцинство во северногрчката област Тракија и недостигот од џамија во Атина. Самарас го одбил предлогот на Турција за финансирање на изградбата на молитвен храм во грчката престолнина. Заменик министерот за надворешни работи на Грција, Константинос Циарас, пред извесно време во парламентот изјави дека Атина нема да прифати турско мешање во проектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top