| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарна акција на кино „Милениум“

kino milenium
Од скопското кино „Милениум“ најавуваат хуманитарна акција, чијашто цел е да ѝ се помогне на 27-годишната Марга Велевска, која боледува од церебрална парализа.
Поради тоа на 28 февруари, во 20 часот, ќе се одржи хуманитарната проекција на филмот „Трето полувреме“.
Билетот за оваа проекција ќе чини само 100 денари, а средствата собрани од продажба на билети ќe бидат донирани за третман со пресадување матични клетки на 27-годишната Велеска, која боледува од церебрална парализа.
Средствата ѝ се потребни за реализација на третманот во руската клиника „Невро Вита“ во Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top