
Монографиите за македонските дејци Пере Тошев и Апостол Петков Терзиев беа денеска промовирани во Порта „Македонија“ од авторите Михајло Миновски и Ванчо Георгиев.
Монографиите се дел од едицијата „Македонски дејци“ која вклучува вкпуно 31 книга за македдонски револуционери, војводи, идеолози за кои помалку се знаело досега.
– Ова е голем научно-истражувачки проект од епохално значење во кои се вклучени помалку познати, но многу значајни личности од историјата на Македонија. За жал, македонската историографија досега не најде начин да им се одолжи. Затоа сега се исправа грешката – изјави Зоран Тодоровски, директор на Архивот на Македонија.
Ова е втора промоција на дел од едицијата. Претходно, беа промовирани книгите за Ѓорѓи Колишев и Христо Чернопеев.
За Пере Тошев и Апостол Петков Терзиев се знае малку, но тие заслужуваат високо место во македонската историја. Во книгите има досега необјавени факти и приказни за нив.
– Пере Тошев е еден од четворицата најзначајни македонски идеолози, по Гоце Делчев, Даме Груев и Јане Сандански. Тој високо котира во македонската револуционарна организација. Тошев никогаш не се експонирал, тој е оперативец, визионер и креатар, вистнски револуционер и демекрат – изјави историчарот Миновски, автор на монографијата за Тошев.
За Апостол Петков јавноста знае многу малку.
– За него немаше сериозно научно истражување кај нас, но затоа во пишувањето на книгата открив дека за него светот знаел многу. На пример, во Нов Зеланд најдов дека била објавени седум текста во весник за него. Тој бил најпопуларен војвода во Австралија, Нов Зеланд, Англија. Еден американски норинар го нарекол „Македонскиот Робинзон Крусо“, а имал и прекар „Кралот на блатото“ – рече авторот Георгиев.
На промоцијата присустуваа Министерот за образование и наука Спиро Ристовски и Елизабета Канческа-Милевска, министерката за култура.
Едицијата излегува со поддршка од Владата на Македонија и министерството за образование и наука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


