| четврток, 6 декември 2018 |

Водачот на групата „Д Експлоитед“ доживеал срцев удар на сцена (видео)

Вати Бушан, пејачот на легендарниот панк-состав „Д Експлоитед“, доживеал срцев удар за време на концертот во Лисабон на 13 февруари.

Бушан моментално се наоѓа во болница, каде што заздравува од срцевиот удар.

Групата „Д Експлоитед“ биле на турнеја, а со нив настапувала и групата „Хејтбрид“. За жал, сите настапи до мај се откажани. Панк-легендите неодамна го најавија и излегувањето на нивниот нов албум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top