Франција објави декрет за забрана на генетски модифицирана (ГМО) пченка, како мерка која ќе спречи сеидба на таков вид пченка оваа пролет.
Франција објави декрет за забрана на генетски модифицирана (ГМО) пченка, како мерка која ќе спречи сеидба на таков вид пченка оваа пролет. Во меѓувреме, француската влада работи на промена на домашните и европските закони за да обезбеди долгорочна забрана.
Француската социјалистичка влада, како и мнозинството жители на земјата, го застапуваат мислењето дека ГМО посеви претставуваат ризик за природната средина. Владата настојува да формулира нов закон со кој одгледувањето ГМО пченка во земјата би било трајно забрането, откако судот одобри претходни два акти со таква содржина.
Во моментот во ЕУ е дозволено одгледување на само еден вид ГМО пченка. Тоа е пченката MON810 на американската компанија „Монсанто“, модифицирана на тој начин да биде отпорна на инсекти.
Европската комисија своевремено одобри одгледување на еден вид ГМО компир, но потоа тоа беше блокирано со судска одлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.