Локалниот Совет за превенција на општината Ѓорче Петров денеска одржа седница на која биле разгледани рефлексите од инцидентите со тепачки помеѓу граѓаните врз безбедносната состојба во општината и предлог мерките за надминување на состојбата, соопштија од општината.
На седницата покрај членовите на советот, присуствувале градоначалникот Сокол Митровски, командирот на полициската станица Ѓорче Петров, членови на ОБСЕ, преставник од општина Сарај, преставник од одделот за превенција од СВР-Скопје, преставник од основното јавно обвинителство на Република Македонија, преставник на поликлиниката Ѓорче Петров, претставник на средното училиште „Кочо Рацин“, како и претседатели од месните и урбани заедници од општината.
На состанокот било разговарано за безбедносната состојба на територијата на општина Ѓорче Петров, како и развивање на меѓуопштинска соработка, посебно со општина Сарај за чија територија е надлежена полициската станица Ѓорче Петров.
Дискутантите се сложиле дека треба да се превземат поригорозни санкции против сите прекршители на јавниот ред и мир, а побарале и поголемо присуство на полицијата на јавните места. Присутните изразиле благодарност до МВР што ги задоволиле барањата на граѓаните за полициската станица да функционира 24 часа, стои во соопштението.
На состанокот биле усвоени предлог-мерки за подобра комуникација меѓу сите субјекти надлежни за оваа проблематика. Било заклучено дека е потребно да се одржуваат превентивни состаноци помеѓу градоначалниците на општините Ѓорче Петров и Сарај со преставниците на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



