| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета на ЦИА: Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред Заев и СДСМ

Srekja-vo-Makedonija-2

Доколку утре би се одржале предвремени парламентарни избори Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со коалиционите партнери би имале поголема предност од СДСМ и нивните опозициски партнери, пoкажува најновата анкета на Центарот за истражување и анализа – ЦИА.

Според оваа анкета, 30,3 отсто од испитаниците одговориле дека на следните парламентарни избори гласот би го дале за ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери, додека за опозицијата предводена од СДСМ би гласале 12,4 отсто од испитаниците.

cia-anketa

Повеќе од 38 проценти од анкетираните се изјасниле дека треба да има предвремени избори заедно со претседателските, а 33 проценти сметаат дека не треба, додека 28 проценти немале одговор.

Во однос на рејтингот на политичките лидери, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ужива убедливо најголема доверба, односно 32,4 отсто од испитаниците се изјасниле дека во Груевски имаат најголема доверба. За лидерот на СДСМ, Зоран Заев се изјасниле 11,2 отсто од испитаниците.

cia-1

Потоа следат Али Ахмети со 6,9 отсто рејтинг, Мендух Тачи со 3,3%, Андреј Жерновски со 2,6%, Стојанче Ангелов со 1,6% и Руфи Османи со 1,3 отсто доверба. Љубчо Георгиевски, Ивон Величковски и Владо Бучковски имаат рејтинг под 1%. Дека немаат доверба во ниту еден политичар се изјасниле 25,4 отсто, незнам одговориле 4,6%, додека за друг 3,2 отсто.

Дури 48,4 отсто од испитаниците во целост не се согласуваат со идејата за консензуален кандидат за претседател, 15,1 отсто одговориле дека начелно се согласуваат, додека само 12,2 отсто дека потполно се согласуваат. 38,7 отсто од испитаниците одговориле дека треба да има предвремени избори заедно со претседателските, против тоа се 33,1 отсто, додека со незнам одговориле 28,1 отсто.

cia2

Анкетата на ЦИА направена на терен од 2 до 12 февруари на примерок од 1.836 испитаници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top