| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар ги продолжи договорите со клучните играчи, Дибиров до 2020 година

vardar potpisi (Custom)

Женскиот и машкиот ракометен колектив Вардар ги продолжи договорите со играчите кои го понесоа товарот во оваа натпреварувачка сезона. Сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко, во пригодна свеченост ги соопшти имињата на играчите кои остануваат верни на клубовите и плановите за годините што престојат.

– Вардар е име во европскиот ракомет и е клуб во кој сакаат да играат квалитетни европски играчи  во машка и во женска конкуренција. Со резултатите што ги постигнавме оваа година полесно е да се преговара со светски ѕвезди. Во женскиот тим костурот на играчите ќе биде задржан со продолжувањето на договорите со клучните играчи. Некои од играчите веќе имаат постојни договори и за следната година, а со останатите потпишуваме нови. Андреа Лекиќ и Јованка Радичевиќ потпишуваат договори на две години, исто како и Маја Зебиќ, Сираба Дембеле, Алисон Пино и Анандин Лејно. Ина Суслина потпиша договор до 2018 година, додека Татјана Хмирова д0 2017 година. На овој прес го потврдувам потпишувањето и на Андреа Пенезиќ на една година со можност да се продолжи на уште една и Барбара Лазовиќ на две години. Тие двете се играчи на Крим.
Кај РК Вардар најдолг договор потпиша Тимур Дибиров – со важност до 2020 година. Голманот на Вардар, Страхиња Милиќ, го продолжи до 2019 година. Алем Тоскиќ потпиша за една година со можност за продолжување, додека Илија Абутовиќ и Игор Карачиќ ќе останат верни на клубот до 2017 година. Ова не е крај на засилувањата, но јас говорам само за тоа што е официјализирано и договорено. Ние и натаму ќе работиме напорно, не застануваме тука и секако ќе има и нови имиња во клубовите – изјави Сергеј Самсоненко, соственик на РК и на ЖРК Вардар.

Ова е првиот бран  засилувања во клубовите. До крајот на сезонава се очекува и потпушување со нови играчи од самиот светки ракометен врв.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top