Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој соопшти дека е објавен деветтиот Јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската унија.
Огласот ќе трае до 17 април 2014 година. Потребната документација за подготовка и поднесување на барањата, вклучително и упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 може да се преземат од веб-адресата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk или www.pa.gov.mk, како и лично во приемницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството.
Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 се наменети за: Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктурирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската унија (Мерка 101); Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктурирање и надградба за достигнување стандардите на Европската унија (Мерка 103) и Диверзификација и развој на руралните економски активности (Мерка 302).
Заинтересираните земјоделски производители може да добијат и информации за изготвување и доставување на барања, како и практични совети за аплицирање. Листата на регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството со податоци за контакт е објавена на наведените веб-адреси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Праските скапуваат, министерот се весели: Николовски глув за проблемите на земјоделците, прв за виолина на уво (ФОТО)
-
Министерство за земјоделство: Субвенциите се исплаќаат редовно и целосно
-
УХМР: Временските услови погодни за земјоделски активности