Фудбалерите на Рома на домашен терен ја совладаа екипата на Самдорија со резултат 3-0 во 24. коло од италијанската Серија А.
Херој во победата беше двојниот стрелец Дестро, кој ги постигна головите во 44. и во 57. минута, додека пак третиот погодок за Рома го постигна Пјаниќ во 54. минута.
Гостите го завршија натпреварот со десет играчи бидејќи поради два жолти картони беше исклучен Гастадело.
Рома со оваа победа го задржа чекорот со водечкиот Јувентус, кој има девет бода повеќе, но и натпревар повеќе од второпласираната Рома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палота до Барселона: Дајте ни го Меси и сè ви е простено
-
Картите се спремни: Рома го знае својот противник во Лигата на шампионите? (фото)
-
Ни крив, ни должен „фатил“ 42 000 евра: Одиграл на победа на Барселона, грешката на вработената го направила богат
-
Лудило во Рим: Претседателот на Рома скокна во фонтана (Видео)


