| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца пациенти добија бубрег од починат донор

-437-Prva-operacija-na-srcu-uz-koristenje-maticnih-stanica

На Универзитетската клиника за урологија ноќеска е направена првата кадаверична трансплатација, а двајцата пациенти добиле бубрег од починат донор – посочи денеска министерот за здравство, Никола Тодоров,. Вели, тоа е голем чекор и сите во Македонија треба да го следат овој пример на едно семејство, кое во состојба на голема тага одлучи да помогне на други две семејства.

Тимот од околу 50 лекари и помошен персонал, кој ја направил трансплантацијата, според него, со многу оптимизам, напорно и со голема саможртва работел на реализација на проектот.

– Целата процедура беше спроведена согласно стандардите и постапките пропишани со Евротрансплант и очекувам пациентите приматели на двата бубрега дека ќе имаат повисок квалитет на живот, нагласи Тодоров.

Докторот на Клиниката за урологија Михаил Пенев информира дека експлантацијата и трансплантацијата почнала во 1 часот по полноќ, а во 8 утрово интервенцијата била завршена.

– Уролошката клиника располага со две екипи, кои во секој момент може да извршат експлантации и трансплантации на бубрези. Имаме можности, опрема, потрошен материјал, така што ништо не фали да изведеме во секој момент кадаверична трансплантација, истакна Пенев.

Кадаверична трансплатација во Македонија последен пат е изведена во 1989 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top