| четврток, 6 декември 2018 |

Наградата Златна мечка за кинескиот филм „Црн јаглен, тенок лед“

Наградата Златна мечка на 64. меѓународен филмски фестивал Берлинале ја доби крими драмата „Црн јаглен, тенок лед“ на кинескиот режисер Диао Инан. Кинескиот актер Лијао Фан беше награден со Сребрена мечка за улогата на поранешен полицаец во истиот филм.

Специјална награда од жирито на Берлинале доби американецот Вес Андерсон за филмот „Грандхотел Будимпешта“. Оваа награда се смета за вторo по големина признание по Златната мечка за најдобар филм.
Closing and Awards Ceremony - Photocall - 64th Berlin Film Festival

Наградата Сребрена мечка ја доби американскиот режисер Ричард Линклетер за филмот „Адолесценција“.

Сребрена мечка за најдобра актерка доби Јапонката Харун Кароки за улогата на собарка во Токио за време на војната во филмот „Малата куќа“.
Closing and Awards Ceremony - 64th Berlin Film Festival

Германците Ана и Дитрих Бригеман, брат и сестра, беа наградени за најдобро сценарио за филмската драма „Крстопат“.

Наградата за најдобра камера ја доби кинескиот уметник Јиан Зенг за драмата „Слепа масажа“.

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top