| четврток, 6 декември 2018 |

„Heil, Caesar“ го отвори 66. Берлински филмски фестивал

berlinale

Со проекцијата на новиот филм на браќата Коен, „Heil, Caesar“ синоќа во Берлин свечено беше отворен 66-от по ред Берлински филмски фестивал, познат како Берлинале.

– Со ова го отвораме 66-то Берлинале, објавија заеднички претседателката на овогодишното фестивалско жири Мерил Стрип и директорот на Фестивалот, Дитер Козлик.

meril-strip-480x325

Пред тоа, на присутните им се обратија германската државна секретарка за култура Моника Гројтерс и градоначалникот на Берлин, Михаел Милер, кои предупредија и на моментот на мигрантската криза, во контекст на овогодишниот слоган на Берлиналето – „Право на среќа“.

Најавено е дека главниот протагонист на филмот „Heil, Caesar“, Џорџ Клуни денеска ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел за да разговара за мигрантската криза.

– Сакам да видам што можеме заеднички да направиме, изјави Клуни, кој е познат по својата хуманитрана активност.

И токму сопругата на Клуни, убавата Амал Клуни, беше главната атракција која го привлече вниманието на црвениот тепих.

kluni-amal-480x326

Во филмот „Hail, Caesar“ на браќата Џоел и Итан Коен, Џорџ Клуни толкува лик на холивудски актер од 50-те години на минатиот век, кој славата ја стекнал со историски филмови, но во текот на снимањето на еден филм е киднапиран.

koen-braka-480x319

Инаку, на овогодишното Берлинале во повеќе од десет сали ќе бидат прикажани 434 филмови.

Фестивалот ќе трае до 21 февруари, а наградите ќе бидат доделени на свечена церемонија на 20 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top