| четврток, 6 декември 2018 |

Филмот „Такси“ кој освои „Златна мечка“ е забранет во Иран, а е продаден во 30 земји

Приказната за иранското општество видена низ авантурите на еден таксист е продадена во 20 европски земји, потоа во Турција и во Русија. Филмот ќе биде дистрибуиран во Тајван, Хонг Конг, Кина, Бразил, Колумбија, како и во некои земји во Блискиот исток, а во тек се преговри за Велика Британија и САД

Jury member Neshat stands next to the picture of director Panahi before presenting his co-director Partovi with a Silver Bear award during the awards ceremony at the 63rd Berlinale International Film Festival in Berlin

Иранскиот филм „Такси“ кој освои „Златна мечка“ на неодамна завршениот Меѓународен филмски фестивал во Берлин е забранет во Иран, а продаден во 30 земји во светот, соопшти дистрибутерот на филмот.

Приказната за иранското општество видена низ авантурите на еден таксист е продадена во 20 европски земји, потоа во Турција и во Русија. Филмот ќе биде дистрибуиран во Тајван, Хонг Конг, Кина, Бразил, Колумбија, како и во некои земји во Блискиот исток, а во тек се преговри за Велика Британија и САД.

Иранскиот режисер Џафар Панахи изјави дека е среќен поради наградата, но истовремено жали што неговиот филм не можат да го видат неговите сограѓани бидејќи тој е забранет во Иран.

На Панахи, кој во тајност го снимаше филмот, му е забрането да работи во Иран и да патува во странство. Тој беше уапсен во март 2010 година додека го подготувал филмот за демонстрациите против тогашниот претседател на Иран. Судот му забрани да снима филмови во период од 20 години, бидејќи тој беше обвинет за противрежимска пропаганда. Оттогаш тој сними три долгометражни филма, меѓу кои е и наградениот „Такси“ и успеа сите филмови да ги префрли во странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top